Ватерполото во Рио 2016 засега „бездомник“
Ватерполо турнирот требаше да се игра во „Жулио Деламаре“ акватик паркот, но работите на ова борилиште сеуште не се започнати...

Почнуваат ли да со отвораат проблемите околу подготовката на Летните олимписки игри во 2016-та во Рио? На нешто повеќе од една година до одржувањето на Игрите организаторот потврдува дека ќе се бара нова локација за натпреварите во ватерполо, бидејќи планираното борилиште нема да биде подготвено.
Ватерполо турнирот требаше да се игра во „Жулио Деламаре“ акватик паркот, но работите на ова борилиште сеуште не се започнати! Несогласувањата меѓу градските власти на Рио под чие покровителство е Олимпијадата и приватната компанија задолжена за менаџирање и изведување на работите,се причината поради која постојано е одложуван почетокот на изградбата.
Организаторот предлага ватерполо турнирот да биде преместен во главниот пливачки центар во Олимпик парк.Меѓународниот олимписки комитет во средата беше информиран за овој проблем. Реакциите од седиштето на ИОК се дека „проблемот не е загрижувачки“.
