Драги: Економскиот раст низ Европа е многу слаб
Бележиме извесно подобрување на економските перформанси во Европа, но економскиот раст и натаму е премногу слаб, а инфлацијата останува многу ниска, порача Драги ...

Претседателот на Европската Централна банка, Марио Драги оцени дека иако постои скромно заживување на економијата, нејзиниот раст насекаде низ Европа е „многу слаб“
Бележиме извесно подобрување на економските перформанси во Европа, но економскиот раст и натаму е премногу слаб, а инфлацијата останува многу ниска, порача Драги во обраќањето на тридневниот Меѓународен форум на претставници на Централните банки и економски ескперти, посветен на невработеноста, што се одржува во португалскиот град Синтра.
Ваквото предупредување на Драги доаѓа во услови кога се појавуваат први показатели на повторно економско заживување на еврозоната и кога во првиот квартал од годинава во неа е забележан економски раст од 0,4 проценти.
Според експертите, ваквиот почетен раст може да биде доволно силен во текот на оваа година за да придонесе за намалување на стапката на невработеност во еврозоната, која сега изнесува 11,3 проценти.
