Ирска гласа на референдум за легализација на истополовите бракови

22.05.2015 13:37

Официјалните резултати ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. Неколку месеци претходно во земјата се водеше дебата дали треба да се дозволат геј браковите...

Историски референдум во Ирска. Граѓаните треба да се изјаснат дали ќе ги прифатат истополовите бракови. Геј двојките ја имаат поддршката од речиси сите водечки политички партии, но како противник ја имаат Католичката црква.

Официјалните резултати ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. Неколку месеци претходно во земјата се водеше дебата дали треба да се дозволат геј браковите.

Иако предизборните анкети покажуваат дека референдумот може да има позитивен исход за хомосексуалците, сепак ирска е позната по изненадувањата на референдуми.