Камерон бара коренити реформи на ЕУ
Британскиот премиер Дејвид Камерон во очи на севропскиот самит во Рига најави дека пред референдумското изјаснување на Британците за членство во ЕУ , ќе бара коренити реформи на Унијата...

„Ќе има искачувања и падови “ рекол Камерон пред новинарите пред почетокот на собирот на лидерите на државите членки на ЕУ, со шефовите на државите и владите на шесте поранешни советски републики, пренесува Танјуг.
Камерон најавил дека пред да се распише референдум за 2 години ќе инсистира на измена на Лисабонскиот договор, за да може Лондон да добие поголеми овластувања од Брисел. ,,За некои работи ќе ви речат дека се возможни, а утредента дека не се, но една работа останува-мојата одлучност на Британците да им испорачам реформирана ЕУ, така што на референдумот да можат да донесат правилна одлука“, рекол британскиот премиер.
Повеќето аналитичари сметаат дека Камерон тешко ќе ги оствари реформите кои ги вети, затоа што за измена на Лисабонскиот договор е неопходна согласност на сите 28 членки на ЕУ.
