Кофи: Смена на Владата не е можна преку улица
Политичка криза се заканува да го дестабилизира целиот регионот и дека за промена на власта се решава на избори...

Грчкиот национализам и нивната дволичност во преговорите во спорот за името се главната причина за застојот во македонските интеграции и за денешните политички тензии – смета експертот на американската фондација Херитиџ, Лук Кофи. Тој вели дека политичка криза се заканува да го дестабилизира целиот регионот и дека за промена на власта се решава на избори.
„Непријатен факт за опозицијата е тоа што мандатот на Груевски е солиден. Тој го потврди мандатот на изборите во 2006, 2008, 2011 и 2014 година, секогаш добивајќи мнозинство на гласачите, исто како и неговите албански коалициски партнери. На последните избори Груевски доби 43 проценти од гласовите, наспроти 25 проценти за опозицијата, но и покрај тоа Заев тврди дека изборите не биле фер и го бојкотира Собранието. Тоа е трагична грешка од негова страна. Ниту една Влада не е совршена и нема сомнеж дека многумина во Македонија имаат легитимни политички забелешки кон Владата. Во демократско општество, мирните протести се знак на здрав граѓански сектор. Но, ако треба да има политичка смена во Скопје, тоа може да се случи само преку избори и преку Собранието, а не на улица и преку кампови“, смета Кофи.
