Милитантите на Исламска држава го зазеле последниот дел од границата меѓу Сирија и Ирак
Владините сили се повлекоа од Ал-Танфа откако исламистите го освоија историскиот град Палмира, стар над 2000 години...

Милитантите на таканаречената Исламска држава го зазеле и последниот дел од граничниот премин меѓу Сирија и Ирак којшто беше под контрола на сириската власт, тврди група тамошни активисти.
Владините сили се повлекоа од Ал-Танфа откако исламистите го освоија историскиот град Палмира, стар над 2000 години. ИД сега владее со половина од сириската територија и му се заканува на третиот по големина сириски град Хомс.
Според Агенцијата на Обединетите нации за човекови права, од Палмира побегнале третина од 200 илјади жители. Верскиот водач на ирачките Шиити, ајатолахот Али ал-Систини повикал на усвојување на планот за истерување на милитантите од Ирак, по освојувањето на градот Рамади.
Падот на Рамади е еден од најголемите порази на ирачките сили што е причина за сомнеж во ефикасноста на американската стратегија за помош на Ирак во борбата против ИД.
