Матурантите играа „Квадрил“

22.05.2015 15:52

Градоначалникот Коце Трајановски им посака среќа и успех во чекорењето на патот кон светот на возрасните, во освојувањето на придобивките од личната и заедничката слобода, во славењето на младоста и уживањето во животот...

Симболично поврзувајќи се со врсниците од повеќе европски земји, преку музика, танц и дружење, околу 800 матуранти од средните училишта од Скопје го одиграа танцот „Квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лјилјакот“. Пред нив сега се нови предизвици -  некои веќе знаат каде ќе го продолжат образованието, некои се уште се двоумат.

Градоначалникот Коце Трајановски им посака среќа и успех во чекорењето на патот кон светот на возрасните, во освојувањето на придобивките од личната и заедничката слобода, во славењето на младоста и уживањето во животот.

Секоја година се прави обид да се постави Гинисов рекорд во истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места, односно во различни градови.

Последниве години покрај танцот, матурантите кажуваат и „заклетва“. Во исто време од различни делови на светот, тие ја испраќаат пораката за ненасилство и толеранција.

 

Александра Перевска