Продолжува реализацијата на проектот „Отвoрање на 66 рурални аптеки“
Тече проектот на Министерството за здравтво за отворање 66 аптеки во рурални населби. Од денеска и жителите на радовишко Ињево ќе ја почувствуваат користа од можноста да набават лекови во непосредна близина...

Жителите на Ињево во општина Радовиш добија прва аптека. Велат дека полесно ќе доаѓаат до лековите за кои досега оделе во Радовиш или соседното Конче. Бараат наскоро да добијат и амбуланта.
И од Здружението на пензионери велат дека долго време чекале лековите да им бидат подостапни до жителите од селата во Радовиш и Конче.
Аптеката во Ињево е дел од проектот на министерството, ФЗО и Агенцијата за лекови за отворање 66 рурални аптеки. Според планот, во селата до 1.500 жители ќе има подвижни, а во оние од 1.500 до 3.500 жители рурални аптеки. Министерот Тодоров најави заокружување на циклусот и со рурален лекар.
Моделот е германски, а за отворање на аптеките се задолжени приватни аптеки, кои имаат две или повеќе аптеки во иста општина или пет или повеќе на ниво на државата.
Катерина Давчева
