Битолски актер на сцената на лондонски „Глоуб“

22.05.2015 16:25

Ансамблот на Битолскиот театар стана расадник на успешни актери, признати и во светот. По Огнен Дранговски, во престижниот „Глоуб театар“ во Лондон заминува и Николче Пројчевски кој го помина филтерот од илјада и 800 актери од Европа. За него шекспировите текстови се најголем предизвик...

Битолскиот народен театар го зацврстува интернационалното реноме. По само две години од настапот на Огнен Дранговски, младот актер Николче Пројчевски е вториот што ке ја почувствува магијата на сцената на лондонскиот „Глоуб“ театар. Вели дека е посебна чест да се биде дел од 24-тирите актери од светот за престојниот есенски проект, избрани од 1800 пријавени кандидати.

„На почетокот побарааа да исчитам повеќе шекспирови парчиња на англиски јазик, а потоа побараа и шекспирови парчиња на македонски јазик, а користев текстови и од нашиот писател Петре М. Андреевски“, вели актерот Николче Пројчевски.

Пројчевски ќе биде дел и од ансамблот кој викендов патува за Санкт Петербург. В среда со претставата „Без Паника“ ќе настапат на манифесстацијата „Денови на Достоевски“. Претставата која по ист текст ја игра и тамошниот театар ќе биде изведена  во еден од последните домови на големиот руски поет.  

„Иако на поинакв концепт оваа претстава ја имаат поставено и нашите руски колеги па ова ќе биде одлична можност да се споделат искуствата, а зошто да не да дојде и до заеднички настап“, вели сценографот Валентин Светозарев.

Во подготовка е и претставата „Хепи Енд“ со која кон крајот на годината за прв пат ќе се гостува и на фестивал во Израел. Меѓународни ангажмани кои даваат дополнителна енергија, велат од ова битолска установа.

„Овие меѓународни настапи значат многу посебно за помладите актери. Тука се разменуваат театарските достигнувања и се стекнуваат доплолнителни искуства кои многу значат“, вели директорот Благоја Мицевски.

Во таа насока,  по враќањето од Русија ќе следат подготовките и дефинирањето на програмата за третото издание на битолскиот Шекспир фестивал.

 

Стевче Митревски