Конзервативната Ирска на историски референдум

22.05.2015 16:41

Граѓаните од најконзервативната земја – Ирска, денеска на референдум гласаат за истополови бракови што се поддржани од речиси сите водечки политички партии. Референдумот се одржува 22 години по одлуката на Даблин да се декриминализира хомосексуалноста во Ирска која од 93-та претставуваше кривично дело. Истополовите бракови досега се легализирани во 19 земји.Официјалните резултати ќе се знаат утре...

Историски референдум во Ирска. Повеќе од 3 милиони гласачи денеска се изјаснуваат дали ќе ги прифатат истополовите бракови и со тоа ќе им овозможат на хомосексуалните двојки да ги легализираат своите врски со формален брак.

„Ова е радикално менување на нашиот Устав. Иако владата се обидува да не убеди дека тоа е само судбоносно ДА меѓу двајца луѓе, сепак тоа значи редефинирање на бракот и на семејството.“

„Не станува збор за политичко прашање. Овој референдум е длабоко интимен за луѓето, знаете... Кога резултатот директно влијае врз нивниот живот.“

„Мислам дека тоа ќе помогне да се ублажат стереотипите кои се чести ставови на Ирска.“

Геј двојките ја имаат поддршката од речиси сите водечки политички партии, но како противник ја имаат католичката црква.

„Мислам дека црквата постапува на вистинскиот начин, ставот е јасен иако се испостави дека нашиот глас  во дебатата нема значење“, изјави Петра Конрој, портпарол на Католичката црква.

Официјалните резултати ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. Неколку месеци претходно во земјата се водеше дебата дали треба да се дозволат геј браковите. Иако предизборните анкети покажуваат дека референдумот може да има позитивен исход за хомосексуалците, сепак ирска е позната по изненадувањата на референдуми. 

Официјална Москва соопшти дека нема да дозволи да се одржи геј парада во руската престолнина, која беше закажана за крајот на месецов. Рускиот претседател Путин во 2013-та потпиша закон со кој се забранува презентирање геј пропаганда пред малолетници.

 

Бојана Крстевски