Премиерот Груевски во посета на Италија и Ватикан со комерцијален лет од Цирих
Премиерот Груевски од денеска е во посета на Италија и Ватикан каде што допатува со комерцијален лет од Цирих. Другите членови од делегацијата кои беа во владиниот авион кој принудно слета во Швајцарија се вратија во Скопје. Во Нирнберг, каде што е лир-џетот, се работи на утврдување на причините за дефектот...

Со комерцијален лет од Цирих, премиерот Груевски пристигнал во Рим за чествувањето на Свети Кирил и Методиј откако владиниот авион имаше дефект на враќањето од Стразбур и мораше да се приземји во Швајцарија.
Останатиот дел од делегацијата која беше со премиерот со редовна линија се вратила во Скопје. Владиниот лир-џет е во Нирнберг. Таму се и македонски пилоти и инспектори кои со сервисерот ќе ги утврдуваат причините за дефектот на леталото, но, и целокупната негова функционалност.
Од Владата веќе информираа дека за време на летот од Стразбур, во владиниот авион се слушнал силен и продорен звук, по што паднал притисокот во внатрешниот дел.
Според протоколот, пилотите веднаш ја намалиле висината и слетале на најблискиот аеродром.
Владиниот авион е купен во 2005-та година.
Миле А. Ристески
