САД- втора најпосетена држава во светот

26.05.2015 12:13

САД се втората најпосетена држава во светот, веднаш зад Франција, но со убедливо најголема заработка од туристите. Њујорк, Чикаго, Бостон, Филаделфија, Вашингтон, Лас Вегас, Лос Анџелес и Сан Франциско - ова се најатрактивните туристички дестинации во САД...

Туризмот во Соединетите Американски Држави е голем бизнис со многугодишна традиција. Милиони туристи од странство и дома патуваат во Америка за да ги посетат природните убавини, градови, историските споменици и местата за забава. САД се втората најпосетена држава од туристи во светот, веднаш по Франција, но со најголема заработувачка од туристите.

Туризмот во Америка почнал да се развива како туризам во градовите од крајот на 19-тиот век. Њујорк, Чикаго, Бостон, Филаделфија, Вашингтон, Лас Вегас, Лос Анѓелес и Сан Франциско се американските градови што се најпосетувани од туристи.

„Уживам во Њујорк. Ми се допаѓа транспортот. Мислам дека транспортот добро функционира.“

„Го сакам Њујорк. Њујорк е убав, најдобриот град на светот. Овде можеш да заработиш и да ги потрошиш парите како што сакаш. Ова е прекрасно место“, велат двајца туристи.

За туристите секојдневно се организираат тури со бродови до статуата на слободата за околу 20 долари.

„Ние сме туристи. Доаѓаме од Франција“, вели една туристка.

Дизни паркот во Орландо на Флорида со 45 милиони посетители е најпосетуваното туристичко место во САД. Оние туристи коишто сакаат забава, неминовно го посетуваат Лас Вегас. Статистиката вели дека овој град среде пустината во Невада годишно има околу 31 милион посетители годишно. Со 24 милиони туристи годишно, на петтото место како туристичко место се наоѓа главниот американски град Вашингтон. Секој турист во САД сака да се фотографира пред Белата куќа, резиденцијата на америакнскиот Претседател.

„Овде започнало се. Прво Филаделфија била главен град, но сега е Вашингтон.“

За оние коишто сакаат плажи, најчести места се Атлантиц Сити на американскиот источен брег, јужната Флорида, сончевата Калифорнија и Хаваи. Во 2013-та година, од туризам биле заработени над 10 милијарди долари. Туризмот е прва, втора или трета стопанска гранка во 29 американски држави. Во 2012-та година бил поставен рекорден број од една милијарда странски туристи во Америка коишто потрошиле над еден трилион долари.

САД дефинитивно не застануваат со работа на подобрување на туристичката понуда. Не е чудо што меѓу најбогатите Американци се токму хотелиерите.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ