Поплави на југот од САД: Најмалку пет жртви, уништени стотици домови

26.05.2015 13:51

Најтешка е ситуацијата во Тексас и во Оклахома, каде што во изминатите 24 часа на места паднале 25 сантиметри дожд, а се предвидува дека врнежите ќе продолжат...

Во големи поплави што го зафатија југот на САД загинаа најмалку 5 луѓе, а уништени се стотици домови. Најтешка е ситуацијата во Тексас и во Оклахома, каде што во изминатите 24 часа на места паднале 25 сантиметри дожд, а се предвидува дека врнежите ќе продолжат. За исчезнати се прогласени 12 луѓе, меѓу кои и две деца, за кои се стравува дека ги однела реката бланко.

„Ова што го гледаме може да влијае на земјите низводно. Водните токови до Мексиканскиот залив ќе претрпат тешки последици како резултат на непрекинатиов дожд“, изјави Грег Абот, гувернер на Тексас.

На северот на Мексико најмалку 13 луѓе загинаа во разорно Торнадо што го погоди граничниот град Акуна. Локалните медиуми пренесуваат дека силниот ветар истргнал бебе од рацете на мајка му, по што не било пронајдено.