Истовремени воени вежби на Русија и на НАТО на северот на Европа
Авионите на НАТО се приклучија денеска на воздухопловните сили на 9 земји од Северна Европа во најголемите воени вежби во Нордискиот и Балтичкиот регион коишто се одржуваат истовремено со воените вежби на Русија во Таџикистан...

Во двонеделната воена вежба „Артички предизвик 2015“ учествуваат шест земји-членки на НАТО и уште три партнерски земји, вклучувајќи 4.000 војници и околу 100 воени авиони, меѓу кои се и американските борбени авиони Ф- 16 како и авионите на Финска и Шведска, чиишто земји не се членки на НАТО.
„Цел на вежбите е порверка на единиците за споведување на комплексни воздушни операции со блиска соработка со партнерите на НАТО“, изјави норвешниот генерал Јан Ове Туг.
Истовремено и руската војска почна голема воена вежба во Таџикистан, вклучувајќи над 250 авиони и околу 12.000 војници. Според рускиот министер за одбрана генерал Сергеј Шојгу, овие вежби се во знакот на проверка на подготвеноста на боребените единици на руската авијација.
„Воената вежба има за цел да ја провери способноста на воените дистрикти, доколку се соочат со непријателски воздушни напади, утврдувајќи го на тој начин натамошниот развој на силите и средсвата на авијацијата и противвоздушната одбрана за заштита на руското небо“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
На подрачјето на Балтикот напнатоста меѓу Русија и скандидавските земји е во постојан пораст, со почестите прелетувања на руските нуклеарни бомбадери во бризина на границите на државите на Северното Море. Во април оваа година министрите за одбрана на нордиските земји потпишаа декларација осудувајќи ја руската воена агресија како најголема закана за безбедноста во Европа.
„Литванија ќе биде дел од заедничка акција на воени вежби, и ова ќе продолжи во зависност од потребите, бидејќи имамаме гранција и за безбедноста на нашата граница“, изјави Далија Грубаускаите, претседател на Литаванија.
Кога кон средината на минатиот месец, американското воздухопловство почна вежби во Естонија недалеку од руската граница, тогаш некои аналитичари се прашаа што би било кога еден командат или пилот направи грешка или донесе погрешна одлука во ваква сотојба- тогаш ризик од ескалација ќе биде многу опасен, а којшто би било тешко да се спречи.
Мирјана Василева
