Временски непогоди низ светот

26.05.2015 16:47

800 индијци починаа од топлотен бран, големи поплави ги земаа првите жртви на југот во САД. Мексико,пак, се бори со торнадо...

Група луѓе беспомошно гледаат во надојдената вода која носи се пред себе. Големите поплави што го зафатија југот на САД однесе најмалку 5 жртви. Најкритично е во Тексас и во Оклахома, каде што во изминативе 24 часа на одделни места паднале 25 милилитри дожд на квадратен метар. За исчезнати се прогласени 12 лица, меѓу кои и две деца.

„Ова што го гледаме може да влијае на државите по текот на реките. Водите што се влеваат во мексиканскиот залив ќе претрпат штети поради дождот што непрекинато паѓа“, изјави Грег Абот, гувернер на Тексас.

Во последниве денови светот се справува и со торнада, пожари, топлотен бран, со временските непогоди. Стотици се повредени, а илјадици луѓе останаа без покрив над главата.

Бројката на починати од топлотниот бран што ја зафати Индија се искачи на повеќе од 800 луѓе. Најтешко се погодени државите Андра, Прадеш и Телангана. Метеоролозите предвидуваат дека жештините ќе потраат и во наредните денови. Властите издадоа предупредување жителите да не излегуваат во текот на денот.

„Брат ми е во болница, доби мозочен удар додека одеше на работа. Неговата состојба е сериозна. Вчера беше многу топло, луѓето мора да бидат многу внимателни.“

Торнадо пустоши на северот на Мексико. Тринаесетмина загинаа во пограничниот град Акуна. Локалните медиуми пренесуваат дека силниот ветар истргнал бебе од рацете на мајката, и не е пронајдено. Во јужниот дел на Сибир огнената стихија опожари 32.000 хектари во областа Бурјатија. Во акцијата на гасење на пожарот учествуваат 1.500 цивили и повеќе од 200 пожарникари. Војската се обидува да го локализира пожарот со хеликоптери.

 

Марија Петковска