Мерките за вработување- стимул за странските инвестиции
Американската компанија Амфенол вработила стотина млади преку активните мерки. Склучен е и договор со техничко училиште за профилирање кадри ...

Мерките за вработување – стимул за менаџментот на американски Амфенол. Го зголемиле бројот на вработени за 100- тина млади до 29 години, активни баратели на работа, стручно потковани да го зајакнат производствениот процес во фабриката во Кочани. За креирање нови профили, странскиот инвеститор кој најави над 1.500 вработувања ќе ги користи и капацитите на тренинг- центарот на Агенцијата за креирање нови профили на кадри.
„Амфенол е компанија која има 450 вработени во моментот, од кои 100 лица веќе се искористени дел од активните мерки. Најмногу се лица до 29 години за кои има ослободувања во првите 12 месеци со обврска за задржување во наредните 12 месеци“, вели Сашко Наков, менаџер во „Амфенол“ – Кочани.
Со нов циклус обуки за напредни комуникациски вештини и информатички технологии ќе се намалува дефицитот на кадри на пазарот на работна сила. Странските инвеститори бараат работници со сертификати за познавање на странски јазици и ИТ програми. Ќе учат или ќе се усовршуваат во лиценцирани центри.
Вака профилирани, кадрите се поконкуренти на пазарот на работна сила и со можност за ослободување од плакање придонеси, преку владините мерки, се поттик фирмите да го зголемат бројот на вработени, да го зајакнат производството.
„Странската инвестиција Антура од вкупно 142 вработени има 53 вработени млади лица до 29 години“, изјави Звонко Паунов – раководител на Агенцијата за вработување во Кочани.
Со даночните ослободувања за новите вработувања, работавачите ќе заштедат, невработените ќе се офајдат со рабоно место, економијата ќе зајакне. Со пакетот мерки се проектирани 20- тина илјади нови работни места.
Сузана Фиданска- Стоевска
