Почна расадувањето на тутунот, се очекува помало производство
27.05.2015 11:30
Тутунарите проценуваат дека годинава ќе има помало производство од лани, но побарувачката ќе биде поголема...

Годинава се проценува дека ќе има за 15 до 20 проценти помалку тутун од лани. Колкаво ќе биде очекуваното производството ќе се знае до крајот на овој месец кога монополите треба да ги пријават договорените количества.
Тутунарите сметаат дека поголемата побарувачка ќе ја зголеми откупната цена.
Од ланската реколта беа откупени скоро 25.000 тони. Од продажбата тунарите заработија 73 милиони, а од субвенциите ќе добијат уште 25 милиони евра.
Методија Трајков
