Вучиќ во посета на Тирана

27.05.2015 11:49

За безбедноста на Вучиќ се ангажирани најмалку 1.500 припадници на министерството за внатрешни и гардисти, а градот ќе го надлетуваат полициски хеликоптери...

Силни безбедносни мерки во Тирана за денешната посета на српскиот премиер Александар Вучиќ. Блокирани се многу улици, неколку плоштади и автопатот Драч-Тирана.

За безбедноста на Вучиќ се ангажирани најмалку 1.500 припадници на министерството за внатрешни и гардисти, а градот ќе го надлетуваат полициски хеликоптери.

Вучиќ ќе се сретне со неговиот колега Еди Рама и со други албански функционери.

Утре ќе учествува на Виенскиот економски форум на премиери од Јадранската и Црноморската иницијатива.

Ова е прва посета на српски премиер на Албанија.