Уапсени високи функционери на ФИФА
27.05.2015 12:20
Покрената е и криминална истрага за местење на Русија и на Катар да станат домаќини на светските првенства во 2018 и 2022...

Швајцарската полиција уапси во Цирих шест високи функционери од ФИФА. Осомничени се за перење пари и дека примале поткуп од 100 милиони долари за изнуди и измами на американскиот континент во изминатите 20 години.
Покрената е и криминална истрага за местење на Русија и на Катар да станат домаќини на светските првенства во 2018 и 2022.
Акцијата на барање на американските власти се случува пред изборното собрание на ФИФА закажано в петок.
Актуелниот претседател Сеп Блатер не е меѓу уапсените и ќе учествува во трката за петти мандат, со принцот од Јордан, Ал Хусеин, како единствен противкандидат.
