Маглата го зголеми бројот на сообраќајки

14.01.2014 17:22

Нема спас од опасните честички.Од  смогот. Веќе цел месец скопјани најтешко дишат.  Ама во главниот град, се чини,  и маглата со нив склучила сојуз .  Статистиката покажува дека   само од почетокот на  годинава се случиле дури 82 сообраќајни незгоди во кои едно лице починало. 

„ Од изминатиот викенд до сега евидентирани се 28 сообраќајни незгоди, од кои една сообраќајна незгода е со смртни последици, каде што едно лице го загубило животот“- изјави Лиза Бендевска, портпарол на СВР – Скопје.

Во декември лани споредено со ноември бројот на сообраќајки се зголемил за 20.  Двајца го загубиле животот, а 20- мина биле тешко повредени.

Професионалните возачи сметаат дека маглата е само дополнителна причина кога несовесните возачи управуваат со возилата во алкохолизирана состојба, но за понеискусните намалената видливост е кобна.

Маглата го парализира скопскиот аеродром. Повеќе од 24 часа беше затворен за авиосообраќај.

Затоа што попладнето сепак некои компании се решија да слетаат и да полетаат.

Новинар: Фиљана Кока

Снимател: Пеце Николоски