Папата се изјасни против абортусот
Папата Францис го осуди абортусот ...
Папата Францис го осуди абортусот како ужасен симптом на денешната фрагментирана култура која не го цени животот.
„Ужасна е мислата дека некои деца никогаш нема да видат бел ден – жртвите на абортусот, децата војници, силуваните или убиените во војните, жртвите на големиот пазар на модерното ропство и трговијата со луѓе која е злосторство против човештвото“, рече папата Францис.
300 Судански бегалци се удавија во Нил
До 300 бегалци од крвопролевањата во Судан, меѓу кои и жени и деца, се удавија во водите на Белиот Нил кога им потонал фериботот поради претовареност. Според ОН, над 350 илјади луѓе се раселени поради борбите меѓу бунтовнициците и владините сили, а над илјада загинале.
Американски новинар персона нон грата во Русија
Првпат по завршувањето на студената војна, Русија протера американски новинар. Дејвид Статер, советник на Радио Слободна Европа, има 5 години забрана за влез во Русија. Новинарот тврди дека тоа е поради известување од евромајданот во Украина, а Москва поради кршење на правилата за добивање виза. САД упатија протестна нота. Статер има објавено повеќе критички книги за Советскиот сојуз, комунистичкото наследство, руската мафија и тајната служба ФСБ.
Убиство поради пораки по мобилен
Посетител на кино во Флорида е убиен од поранешен полицаец бидејќи праќал пораки по мобилен телефон. 71-годишниот Кертис Ривс отворил оган врз 43-годишниот Чад Оулсон по неколку предупредувања и при тоа полесно ја ранил неговата сопруга.
„Филмот уште не бил почнат, ги давале рекламите. Не е нормално со пукање да се решава кавга поради пишување пораки во кино. Сите се параноични“, го објаснува апсурдот шерифот Крис Ноко.
Убиениот Оулсон, за време на кавгата му кажал на Ривс дека и пишува пораки на својата тригодишна ќерка.
Конзервативците во Ватикан го критикуваа Папата дека не се изјаснил за ставот во врска со абортусот, особено по ланското интервју во кое рече дека црквата мора да се разбуди од опсесијата за абортусот, контрацепцијата и хомосексуалноста.
