Вашингтон: Ненамерно транспортиран жив примерок на антракс
28.05.2015 11:19
Примерокот бил откриен во комерцијална лабораторија на 22 мај, по што биле информирани останатите лаборатории...

Американската армија ненамерно транспортирала најмалку еден примерок на жив бацил антракс во една комерцијална лабораторија во Мериленд.
Сепак, во тој инцидент нема никаква опасност по јавното здравје. Примерокот бил откриен во комерцијална лабораторија на 22 мај, по што биле информирани останатите лаборатории.
Најмалку девет други владини и комерцијални лаборатории во девет американски држави добиле примероци на антракс, а властите работата на утврдување дали се транспортирани и други живи бацили.
