Сеуште непознати кандидатите за Претседетел на Македонија
Времето тече , молкот на политичките партии за претседателските избори продолжува . Партиите на етничките Aлбанци со различен концепт околу можните договори. ДУИ и натаму со тезата дека политичката култура е доволно зрела за да се избере консензуален претседател .Од ДПА молк. Според партијата на Османи, коалициите би требало да се прават по етничка основа.

Претседателските избори би имале смисла, само доколку идниот претседател е Албанец, со што би се придонело да имаме наместо моноетничка земја,граѓанска држава - Фљамуре Демири Креци од НДП.
„Ние сакаме да успееме да избереме еден кандидат за претседател ,кој што ќе биде претседател на сите и со кого ќе се идентификуваат сите. Кога ќе говори пред нашите меѓународни партнери ќе говори како претседатѕел на сите граѓани , а не како претседател на една заедница или пак далеку било една политичка партија“ - Ермира Мехмети од ДУИ.
Отсуството на договор за предлогот на ДУИ ,според Мехмети , не мора да значи дека во пакет со претседателските би се одржат и нови предвремени парламентарни избори .Во оваа фази изјави Мехмети на процесите треба да се гледа одвоено . Во македонскиот политички блок од ВМРО-ДПМНЕ, засега без информации околу можниот кандидат . Од СДСМ најавуваат, дека кон крајот на јануари ќе биде познато името на кандидатот.
Виолета Димовска