Со британскиот „Телефонски повик“ стартува „Астерфест“
Во наредните денови љубителите на филмската уметност ќе можат да уживаат во кратркометражните форми на документарниот играниот и анимираниот филм на годинешното издание на Астерфест во Струмица. Мотото на фестивалот е „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“...

Со оскаровецот, британскиот филм „Телефонски повик“ на Мет Киркби почна 11-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ што до 31-ви мај се одржува во Струмица. Љубителите на кратките филмски форми, наредните денови може да уживаат во најновите достигнувања на играниот, докумантарниот и анимираниот филм. годинешни лауреати се родокрајниот уметник Киро Урдин и актерот Бора Стјепановиќ
Организаторите велат дека заедно со Астер портретите и Тивериополските беседи, но и работилниците, Астерфест има што да понуди.
Од Агенцијата за филм велат дека фестивалот низ годините може уште повеќе да се развива во нагорна линија. Досега преку Агенцијата, Домот на културата доби дигитален проектор, вели Башевски.
Мотото на фестивалот е „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“, а е финансиран од Министерството за култура и општина Струмица.
Катерина Давчева
