Индија: Температурите надминуваат 47 Целзиусови степени
28.05.2015 13:15
Мај и јуни важат за најтоплите месеци во Индија, а метеоролозите велат дека бројот на денови со температура околу 45 степени значајно се зголемил во последните 15 години...

Топлотниот бран што ја зафати Индија и кој трае речиси цела недела досега однесе близу 1.400 животи, а температурата во делови од земјата надминува неверојатни 47 Целзиусови степени.
Мај и јуни важат за најтоплите месеци во Индија, а метеоролозите велат дека бројот на денови со температура околу 45 степени значајно се зголемил во последните 15 години.
Поголемиот број жртви се постари луѓе и работници кои доживеале топлотен удар или пак дехидрирале. Се очекува топлото време да продолжи уште најмалку една недела.
