Бејли и Чавков во посета на кумановската „Дива населба“
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и американскиот амбасадор Џес Бејли ja посетија кумановска „Дива населба“ каде што пред речиси три недели беше спроведена полициската акција за разбивање на вооружената терористичка група. Чавков оцени дека настанот во Куманово бил изолиран од поедници и криминални групи кои не наидоа на подршка од локалните жители. Според амбасадорот Бејли, граѓаните покажаа дека тоа не беше етнички конфликт и дека насилството е прифатливо...

Не можев да го одминам Куманово и да не им дадам поддршка на полицијата, граѓаните и градоначланикот кои пред две недели прежививеаа значајна драма, но и да оддам почит кон на заложбата и животите кои ги дадоа храбрите полицајци, рече амбасадотот на САД при првата официјална посета на Куманово по настаните од 9-ти и 10-ти мај кои го погодија Куманово.
„Но најзначјано е тоа што покрај она низ што минаа, граѓаните останаа и се држеа заедно и ја отфрлија идејата дека ова е етнички конфликт и дека насилството е прифатливо за нив. Мислам дека тоа е многу значајна порака и затоа сум тука да ја да ја изразам мојата загриженост во име на пријателството на САД и да поразговарам со локалните водачи со цел како да се зачува атмоферата во населбата која владеела и порано“, изјави амбасадорот Бејли.
Амбасадотот Бејли се сретна со Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и градоначалникот Зоран Дамјановски при што разговараа за надминување на состојбата по настаните во „Тоде Мендол“.
„Се интересирав кај моите колеги како течеле активностите пред и за време на настаните, каква им е соработката со локалната заедница и со граѓаните. Морам да подвлечам дека значително се менува перцепцијата на граѓаните во однос на работењето на полицијата. Затоа сведочат истражуивањата кои се независни и ги спроведува ОБСЕ на секои две години и со задоволство можам да потенцирам дека се повеќе се подобрува односот и задовостовото на граѓните од работата на полицијата. Но, во истовреме сум и критичен и самокритичен, затоа што никогаш не треба да се задоволиме со една статус кво ситација. Ние мора да ги најдеме и слабостите пред, за време и после настаните во Куманово“, изјави министерот Чавков.
„Ова беше протокална посета на Општината при што министерот Чавков даде едно упатство, дека во нареден период ќе има соработка со локалната самоуправа и ќе има посета на Општината и ќе му ги изнесам моите видувања за состојбите и начинот како да ги надминеме. Но, и она што ние како Општина го подготвуваме да помогнеме на семејствата загинатите војници како донација“, изјави градоначалникот Дамјановски.
Што се однесува до безбедноста во овој момент во Куманово, министерот Чавков рече дека ова се изолорани настани и дека нема да дзволат да влијаат на безбедноста во градот.
Ви гарантирам како министер за внатрешни работи дека полицијата многу интензивно, многу проактивно ќе работи на благовремено индентификување на евентуални закани и реагирање на таквите закани, додаде Чавков. На крајот сите тројца ја посетија населбата „Тоде Мендол“.
Габриела Димковиќ
