Уапсени членови на ДБ заради убиството на новинарот Чурувија

14.01.2014 17:53

Двајца високи функционери на Државната безбедност од времето на Слободан Милошевиќ се уапсени под обвинение дека учествувале во убиството на новинарот Славко Чурувија. Според полицијата, зад решетки се Милан Радоњиќ, поранешен началник на белградската Државна безбедност и Ратко Ромиќ, оперативец на службата.

Двајца високи функционери на Државната безбедност од времето на Слободан Милошевиќ се уапсени под обвинение дека учествувале во убиството на новинарот Славко Чурувија. Според полицијата, зад решетки се Милан Радоњиќ, поранешен началник на белградската Државна безбедност и Ратко Ромиќ, оперативец на службата.

За овие лица, уште во 2003-та година, кривична пријава поднесе адвокатот на братот на Чурувија,Рајко Даниловиќ, кој во есклузивното интервју за МТВ изјави дека наредба за ликвидацијата дала лично Мирјана Марковиќ.

-Веднаш по убиството, ние се сомневавме дека зад убиството стои Службата за државна безбедност, по наредба на Мирјана Марковиќ, сопруга на Милошевиќ, изјави Рајко Даниловиќ, адвокат на братот на Слободан Чурувија.

Не може да се каже дека власта досега немала желба да го реши случајот, но изминаа 15 години поради немањето доволно политичка сила, констатира Даниловиќ.

Отсекогаш постоеше сомнеж за началникот на белградската служба на ДБ Милан Радоњиќ, кој ја раководеше акцијата и кој бараше на секои 10 мин. извештаи каде се наоѓа Чурувија, управувајќи притоа со акцијата од канцеларијата на ЈУЛ во Белград, вели Даниловиќ.

Причината за затворање на случајот со Чурувија е  јасна, заклучува Даниловиќ.

Превод - Влезот на Србија во Европа претпоставува и расчистување со трагичното минато на Милошевиќ. Убиството на Чурувија, како и други политички убиства и злоупотребата на ДБ во тие убиства се услов за влез на Србија во ЕУ, потврди Даниловиќ.

Новинарот Славко Чурувија беше сопственик на опозициските весници Дневен телеграф и Европјанин. Убиен е со 18 куршуми за време на владеењето на Милошевиќ.

 

Оливер Бранковиќ-постојан дописник на МРТ од Белград