Невреме во САД: Загинаа 21 лице, 11 се исчезнати

28.05.2015 15:15

Во Хјустон, најтешко погодениот град, стотина куќи се оштетени, а дождот и натаму врне, што го отежнува санирањето на последиците од најголемата поплава во градот...

Најмалку 21 лице загинаа, а 11 се водат како исчезнати во невремето и поплавите во Тексас и Оклахома.

Во Хјустон, најтешко погодениот град, стотина куќи се оштетени, а дождот и натаму врне, што го отежнува санирањето на последиците од најголемата поплава во градот.

Невреме има и во другите делови на Тексас, поради што се евакуираат стотици жители од околината на градот Форт Вест поради надојдената река Бравоз, а вонредна состојба е прогласена и во повеќе области.

Градоначалничката на Хјустон, Анис Паркер изјави дека три лица се водат како исчезнати, откако се превртел бродот за време на спасувачката акција.

Во централен Тексас продолжува потрагата по девет луѓе, за кои се стравува дека загинале откако се излеа реката Бланко во туристичкиот град Вимберли, кој се наоѓа меѓу Сан Антонио и Остин.