Лондон бара промени и реформи во ЕУ
„Да остане ли велика британија членка на Европската унија?“- Лондон го дефинираше референдумското прашање. Граѓаните од островот ќе треба да се изјаснат во 2017-та година...

Предизборното ветување на британскиот премиер, Камерон дека до 2017 ќе одржи референдум за опстанок на островската земја во Унијата е само едно од залагањата во пакетот закони, што вчера и британската кралица Елизабета Втора го потенцираше во говорот, за време на инагурацијата на првата британска влада составена само од конзервативци.
Во обид Лондон да се стекне со посебен статус, преку залагањата да се реформира Унијата и со промена на Лисабонскиот договор, Камерон од утре ја почнува својата европска туренија, со цел за ова да ги информира своите европски колеги за британските барања.
Пред да ги посети Париз и Берлин, францускиот претседател Оланд и германската канцаларка Меркел во Рига, се согласија дека се неопходни реформи во еврозоната, но тие нема да се спроведат со промена на Лисабонскиот договор, туку сето тоа ќе се реализира внатре со постојната правна рамка.
„Во овие преговори ќе има напредок и застој ќе слушнете еден ден дека нешто е можно да се направи, а другиот ден дека сепак не можно“, вели британскиот премиер Дејвид Камерон.
На оваа тема Камерон разговараше и со претседателот на Комисијата, Јункер. Мнозинството европски политичари очекуваат дека во овие разговори, британскиот премиер ќе објасни што сака да менува во Унијата. Според некои британски медиуми засега Камерон намерно избегнува прецизно да ги соопшти барањата, зашто доколку не се исполнат некои од нив, да не биде изложен на критиките дека не успеал во преговорите.
Опозициските лабурсти кои беа децидни дека британците треба да останат во Унијата, повеќе нема да се противат за рефрендумот, изјави вршителот на должноста, лидерката Харет Харман.
„Сега е време да се разговара дома за тоа што ќе добие, а што ќе изгуби Велика Британија ако си замине од Унијата“, изјави Хартман.
Камерон вети дека до крајот на 2017-та година ќе распише референдум на кој граѓаните ќе решат дали земјата ќе остане или ќе ја напушти Унијата и дека Камерон како премиер ќе се залага за опстанок под услов дотогаш да се избори за нова позиција на Велика Британија во реформирањето на Европската Унија.
Мирјана Василева
