Грција сака договор со кредиторите до недела
Портпаролот на грчката влада Сакеларидис изјави дека ваквиот оптимизам на грчката влада не е без основа и дека се базира на „одредени факти“...

Грција сака да постигне договор со нејзините кредитори најдоцна до недела, што ќе и овозможи да ја добие последната транша од помошта, која и е крајно неопходна за одржување на ликвидноста, јавија тамошните медиуми.
Портпаролот на грчката влада Сакеларидис изјави дека ваквиот оптимизам на грчката влада не е без основа и дека се базира на „одредени факти“.
„Одиме на преговори со цел да постигнеме договор со нашите партнери до недела“, изјави Сакеларидис, додавајќи дека Грција е на ставот дека се „надѕира моментот за постигнување договор“.
Вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека Грција е близу до договор со нејзините кредитори и дека преговорите влегле во финална фаза, но неименуван германски официјален претставник изразил зачуденост од оптимизмот на Грција, додавајќи дека е малку веројатно дека наскоро ќе биде постигнат договор.
