Решени проблемите на стечајците и професионалните војници

14.01.2014 18:26

Долгогодишниот проблем што засегаше околу 7 000 граѓани конечено е решен. Владата донесе две значајни одлуки кои ќе ги запрат проблемите на две категории граѓани и ќе влијаат позитивно врз судбината на нивните семејства. Со првиот закон, се згрижуваат стечајците или работниците кои станале технолошки вишок од 2004-та година заклучно со крајот на 2013-та.

Долгогодишниот проблем што засегаше околу 7 000 граѓани конечено е решен. Владата донесе две значајни одлуки кои ќе ги запрат проблемите на две категории граѓани и ќе влијаат позитивно врз судбината на нивните семејства. Со првиот закон, се згрижуваат стечајците или работниците кои станале технолошки вишок од 2004-та година заклучно со крајот на 2013-та. Премиерот Груевски нагласи дека овој закон иако не е предвиден во владината програма добива приоритет оти Владата увидела дека предизвиците на овие луѓе се големи а истовремено државата има начин да се погрижи за нив.  

Сите кои се со 25 годишен стаж,а останале без работа ќе добиваат паричен надомест од околу 7.100 денари, односно 34 % од просечната плата рече премиерот Груевски.

Освен стечајците, Владата најде решение и за маките на професионалните војници. Денешната владина одлука се однесува на професионалните војници кои навршиле 45 години. Тие нема да останат без работа туку ќе бидат распределени во други институции, согласно потребите и квалификациите на војниците. Но ниту еден од нив нема да остане невработен.

Кога ќе бидат прераспределени, овие луѓе ќе бидат редовно вработени, со плата и права предвидени со колективниот договор- потенцираше груевски.

Владата внбимателно ги анализирала сите опции како да им помогне на овие две категории граѓани. За најмногу 10 дена надлежните министерства треба да ги изготват законските решенија и  тие да се разгледаат на владина седница.

Миле А. Ристески