Меркел не исклучува идни промени на европскиот договор

29.05.2015 17:41

Берлин ќе му биде конструктивен партнер на Лондон во постигнувањето на реформите...

Германската канцеларка Меркел изјави дека не исклучува идни промени на европскиот договор и дека Берлин ќе му биде конструктивен партнер на Лондон во постигнувањето на реформите. По разговорот со британскиот премиер Камерон рече дека Британија треба да остане во ЕУ.

„Ги знаете случаите на социјална злоупотреба на слободното движење во Европа пред Европскиот суд на правдата. Го следиме тоа внимателно и Германија има интерес за одредени промени“, изјави Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Според британскиот премиер Камерон, нема волшебно решение за реформи, но таму каде што има волја, има и начин.