Папата жестоко против абортусот
Некои го поддржуваат, некои го осудуваат, но статистичките податоци говорат дека на светско ниво годишно се вршат милиони абортуси. Папата Францис најжестоко го осуди овој чин како ужасен симптом на денешната фрагментирана култура која не го цени животот.
Некои го поддржуваат, некои го осудуваат, но статистичките податоци говорат дека на светско ниво годишно се вршат милиони абортуси. Папата Францис најжестоко го осуди овој чин како ужасен симптом на денешната фрагментирана култура која не го цени животот. Тој, освен на жртвите на абортусот, потсети и на веќе родените на кои им се уништуваат животите и за кои мора да се создадат достоинствени услови.„ Ужасна е мислата дека некои деца никогаш нема да видат бел ден – жртвите на абортусот, децата војници, силуваните или убиените во војните, жртвите на големиот пазар на модерното ропство и трговијата со луѓе која е злосторство против човештвото“ изјави Папата Францис.Конзервативците во Ватикан го обвинуваа Францис дека не се спротивставува на абортусот јавно како неговите претходници Бенедикт 16-ти и Јован Павле Втори. Тие жестоко го нападнаа и неговото ланското интервју во кое рече дека црквата мора да се разбуди од опсесијата за абортусот, контрацепцијата и хомосексуалноста.„За жал, не се фрла само храна и потрошена стока, туку и човечки суштества“ изјави Папата Францис. И Македонија се соочува со проблемот абортус. Според официјалните бројки, од 1977 до 2012 година се абортирани 550.000 фетуси, но голем број од интервенциите се прават во приватни ординации кои никаде не се регистрирани. Тоа ја дава бројката од повеќе од 1 милион абортирани бебиња во последните 35 години.
Марија Петковска
