Интернационаците и стандардните имаат предност
Новиот селектор Љубинко Друловиќ го состави списокот играчи за гостувањето во Словачка на 14-ти јуни. Интернационаците, фудбалерите со редовни настапи во клубовите и помладите ќе имаат предност...

Клупската сезона кај нас заврши, па фудбалсикиот фокус ќе го одржува националниот состав. Новиот селектор Љубинко Друловиќ го состави списокот играчи за гостувањето во Словачка на 14-ти јуни. Интернационаците, фудбалерите со редовни настапи во клубовите и помладите ќе имаат предност. Тоа е првичниот заклучок по изборот на српскиот стратег.
„Целта е да направиме добра база, тим којшто ќе биде колективно квалитетен за да му се спротивстави на кој било пртивник. Јас сакам да ги запознам играчите и карактерно, затоа што не е важно некој да биде само добар фудбалер, туку и добра личност. Сакам играчите да се однесуваат како што треба и на теренот и надвор од него. Големи промени нема да има, сите ќе знаат дека се репрезентативци , а тогаш се надевам дека полесно ќе ги решаваме проблемите на теренот. Кога ќе разговараме повторно за некое време, јас сакам сите да бидеме задоволни со нашата репрезентација“, изјави македонскиот селектор Љубинко Друловиќ.
