Зомимак или Металург?

29.05.2015 21:44

Струмичката екипа денеска го совлада Радовиш на гости со 35-29 во деветтото коло од Суперлигата во коешто утре Прилеп ќе се сретне со Пролет, а в недела Металург ќе го пречека Вардар (пренос на МРТ Собраниски од 16.30)...

На домашните ракометни терени останува уште дилемата кој ќе биде второпасиран зад шампионот Вардар, Металург или Зомимак? Струмичката екипа денеска го совлада Радовиш на гости со 35-29 во деветтото коло од Суперлигата во коешто утре Прилеп ќе се сретне со Пролет, а в недела Металург ќе го пречека Вардар (пренос на МРТ Собраниски од 16.30).

На Металург му е потребен најмалку бод од овој меч доколку сака да биде втор и да обезбеди настап во СЕХА лигата наредната година. Ако загуби, Метрлург ќе остане на ист бодовен биланс со конкурентот, а во тој случај Зомимак сам ќе решава за судбината во последното коло во кошто е голем фаворит против Прилеп.

Оваа привилегирана позиција Зомимак ја заработи со подобриот меѓусебен биланс сезонава од Металург.