Блатер и натаму владее

29.05.2015 22:06

Поради корупцискиот скандал што ја тресе неговата организација и апсењето на седуммина високи членови на ФИФА, неколку видни личности и институции побараа оставка од Блатер...

Сеп Блатер останува претседател на ФИФА. На 65-тиот конгрес на светската куќа на фудбалот, неговиот противкандидат, јорданскиот принц Али Бин Ал Хусеин, се повлече од вториот круг гласање, по што 79-годишниот Блатер го доби петтиот претседателски мандат. Претходно, тој освои 133 гласа наспроти 73 на 39-годишниот принц, по што беше јасно дека Блатер ќе остане на кормилото на ФИФА. 
 
„Јас не сум совршен. Никој не е, но заедно можеме да завршиме добра работа“, рече Блатер во победничкиот говор. Поради корупцискиот скандал што ја тресе неговата организација и апсењето на седуммина високи членови на ФИФА, неколку видни личности и институции побараа оставка од Блатер, меѓу кои британскиот премиер Дејвид Камерон и УЕФА. Сепак, Блатер и натаму ќе биде претседател, иако најави дека ова најверојатно ќе му биде последен мандат.