Лазаров по прв еврошампионски пехар

30.05.2015 12:12

Каталонскиот состав е најуспешен на сите времиња, а последен пат на врвот на континентот се качи пред четири години. Македонскиот репрезентативен капитен сезонава беше еден од водечките играчи на Барса, а добрите настапи му обезбедија место во идеалниот тим во шампионската конкуренција...

Нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров викендов се надева дека првпат во кариерата ќе ја освои Лигата на шампионите. На завршниот турнир во Келн, неговата Барселона денеска ќе игра со Кјелце и ќе се обиде да остане на курсот кон деветтиот трофеј во елитното натпреварување. Каталонскиот состав е најуспешен на сите времиња, а последен пат на врвот на континентот се качи пред четири години. Македонскиот репрезентативен капитен сезонава беше еден од водечките играчи на Барса, а добрите настапи му обезбедија место во идеалниот тим во шампионската конкуренција.

Лазаров и лани играше на завршниот турнир, но тогаш Барселона не успеа да стигне до финалето. на таков успех денеска ќе се надеваат и Кил и Веспрем, противниците во другото полуфинале во Келн. Германскиот претставник досега трипати се најде на тронот и според успешноста, е трета екипа на сите времиња, а Веспрем има едно неуспешно финале. Кјелце е дебитант меѓу четирите најдобри.