Реми со Чешка!
Македонските ракометари одиграа нерешено со Чешка 24-24 во второто коло на Европското првенство во Данска. Бодот е голем затоа што ги отвора портите кон втората фаза од шампионатот.
Во Хернинг вечерва, нашиот национален тим имаше илјадници шанси да победи, но противникот го упати последниот удар кон голот. Натпреварот беше рамноправен, на полувремето Чесите водеа со 11-10, ретко кој успеваше да се одлепи. Повторно не игравме на потребното ниво во нападот, но „распали“ капитенот Кире Лазаров со 12 подгодоци, половина од сите наши.

Повторно не бевме разновидни, ривалот знаеше како да се брани, а голманот Штохл блесна со 21 интервенција. Двете најважни беа кога се решаваше мечот. На три минути до крајот Штохл му одбрани пенал на Лазаров, а на 12 секунди пред сирената го запре ударот на Миркуловски, кој избрза и не само што не реализираше, туку му создаде шанса на чешкиот состав да го има последниот напад. Сепак, за наша среќа, Јиха промаши по истекот на времето, а тоа значи дека Македонија ги задржа големите шанси да биде меѓу првите три селекции во групата, со тоа и меѓу најдобрите 12 на континенталниот собрир. Нам ни одговара Данците да остварат максимален биланс, односно вечерва да победат против Австрија, а за два дена и против Чешка. Во тој случај само чудо може да не оддалечи од патот во вториот натпреварувачки сегмент, а во него многу веројатно ќе пренесеме два бода доколку доколку ја совладамне Австрија в четврток.