До четири пати поголемо производство со системот „капка по капка“

30.05.2015 17:26

За економски исплатливо земјоделство неопходна е модернизација на земјоделието. Игор Јанкуловски е само еден од педесете индивидуални земјоделци од Вардарскиот плански регион кој на дел од нивите засадени со пченка со помош на УСАИД постави систем капка по капка. За реализација на проектот оваа година САД издвоија вкупно 5 милиони долари, додека Швајцарската влада учествува со 1,7 милиони долари.

Игор Јанкуловски е земјоделец од општина Чашка кој оваа година за прв пат ќе нема проблеми со наводнување на нивата засадена со пченка. Со помош на УСАИД тој постави систем Капка по капка. Очекувањата се големи, вели со четири пати поголемо производство на пченка по хектар, загарантирано му е позитивното работење.

До крајот на 2015 година Македонија ќе има околу 660 хектари со пченка и сончоглед наводнувани под системи капка по капка.

Поставувањето на системот какпка по капка е дел од проектот за експанзија на мали бизниси.Покрај јакнење на земјоделието, овој проект дирекно влијае и врз развојот на млеко и месо производството.

Помошта која земјоделците ја добиваат е причина во општина Чашкаво последните години значително да се зголемат обработливите земјоделски површини.

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион втора година го реализира проектот за поставување на системи какпка по капка. Минатата година дел од преокетот беа 15 индивидуални земјоделци, годинава дури 50.

 

Дијана Иванова