Професионалните војници нема да останат „на улица“
Професионалните војници конечно можат да здивнат и да чекаат пензија на ново работно место. Со години бараа зголемување на старосната граница, односно решение како да обезбедат егзистенција по завршувањето на војничкиот ангажман. Откако ќе им завршеа професионалните договори, овие луѓе остануваа на улица. Безброј пати потенцираа дека учествувале во мировни мисии, дека се се уште работоспособни и дека нивното искуство треба да се искористи. Бараа до пензија да бидат вработени во некоја институција. Конечно, нивните барања се реалност.
Професионалните војници конечно можат да здивнат и да чекаат пензија на ново работно место. Со години бараа зголемување на старосната граница, односно решение како да обезбедат егзистенција по завршувањето на војничкиот ангажман. Откако ќе им завршеа професионалните договори, овие луѓе остануваа на улица. Безброј пати потенцираа дека учествувале во мировни мисии, дека се се уште работоспособни и дека нивното искуство треба да се искористи. Бараа до пензија да бидат вработени во некоја институција. Конечно, нивните барања се реалност. Независниот синдикат на професионалните војници ја поздрави владината одлука.
Практично ова значи исполнување на едно од нашите клучни барања за решавање на статусот на војниците и нормално може да има само пофални зборови, вели Веле Крбалески – претседател на независниот синдикат на професионалните војници
Освен војниците, мака имаа и стечајците кои на тоа „дереџе“ дошле како резултат на затворањето на фирмите кои биле со доминантен државен капитал . Околу 3 илјади работници кои беа прогласени за технолошки вишок или за стечајци ќе добијат пари од државата со кои ќе си обезбедат егзистенција. И тие, како и војниците, во повеќе наврати протестираа и бараа заштита.
Сега,откако се згрижени, ја поздравуваат одлуката на Владата.
Наташа Гркова-Петрушевска
