„Аида“ за крај на 43. Мајски оперски вечери

31.05.2015 09:38

Под диригентство на гостинот од Италија Стефано Романи ќе настапи интернационална солистичка екипа...

Со изведба на операта „Аида“ од Џузепе Верди во режија на Дејан Прошев, традиционално, вечерва на сцената на Македонската опера и балет ќе бидат затворени 43. Мајски оперски вечери.
 
Под диригентство на гостинот од Италија Стефано Романи ќе настапи интернационална солистичка екипа.
 
Италијанските уметници Росана Риналди и Пјеро Џулијачи ќе ги толкуваат улогите на Амнерис и Радамес, Иван Томашев од Србија ќе настапи како Рамфис, Серџо Болоња – Италија како Амонасро, Александар Стефаноски во улогата на Фараон, Олгица Милевска како Големата свештеничка и Марјан Николовски како Гласник.