Зголемена бизнис слободата во Македонија
Македонија е лидер во регионот според Индексот за економска слобода за 2014-та на американската Херитиџ Фондација. Со подобрена инвестициска клима, стабилна монетарна политика и релативно мало влијание од светската глобална економска криза, Македонија е далеку над регионалниот и европскиот просек, вели авторот на извештајот во последниве 20 години, Ким Холмс, за Македонската телевизија.

„Македонија значително се подобрува во последниве неколку години, особено во бизнис слободата, берзата на трудот и даноците се намалуваат. Ова треба да биде пример за другите земји на Балканот.! изјава Ким Холмс-автор на Индекс за економска слобода 2014.
И покрај напредок во 9 од 10 показатели, како слабости остануваат судството, сопственичките права и антикорупциските мерки, што е проблем и со повеќето земји во светот, оценува авторот. Од 2002-та кога Македонија за првпат беше рангирана, постигнала напредок за 11 места и е во категоријата средно слободни земји. САД пак паднаа на 12-то место во категоријата главно слободни земји.
„Ако сакаме Америка повторно да напредува, мораме да видиме зошто постојано паѓаме во економската слобода. Така ќе биде се додека не сфатиме дека слободата и просперитетот одат заедно“ изјави Ренд Пол- сенатор .
Најдобро рангирана држава по Индексот за економска слобода и натаму е Хонг Конг.
Меѓу 10 најслободни економии во светот според Хертитиц се најдоа три европски држави: Швајцарија, Ирска и Данска.
Ирина Гелевска-постојан дописник на МРТ од Вашингтон