Кандидатура на Темелко за градоначалник на Пустец
Едмонд Темелко по трети пат ја бара довербата на граѓаните за прв човек на Пустец. Како градоначалник вели дека без срам стои пред нив, зашто се гордеел за се што сторил за општината до сега...

Од Вас по трети пат, ја барам довербата, за градоначалник на Пустец. Пред осум години понудивме амбициозна програма. И покрај ограничениот буџет поголемиот дел од ветувањата ги остваривме. Без срам и страв стојам гордо пред Вас, со силен елан за нови победи се кандидирам за градоначалник ,заедно сторивме многу, заедно ќе продолжиме. Вака им се обрати кандидатот за грдоначалник на општина Пустец, Едмон Темелко.
Инаку, Едмонд Темелко, е кандидат на Македонска Алијанса за европска интеграција, која на овие локални избори ќе настапи во коалиција со социјалистичката владеачка партија и уште 35 други помали партии.
На овие избори, Македонска Алијанса, поради новата територијална поделба, кандидат за градоначалник истакна само во Пустец, а со листи за советници ќе учествува во 16 општини.
Сандре Темелковски
