Поплавите во струмичко го уништија расадот
Експертите сметаат дека целиот аграр е под опасност од катастрофа зашто влегуваме во климатски лоша фаза...

Земјоделците од струмичко се уште ги чувствуваат последиците од јануарските поплави. Големото количество дожд кој во најголема мера ги зафати обработливите површини го уништи раноградинарскиот расад, а земјата беше многу влажна за брзо расадување. Најпогодените велат дека штетите уште не им се надокнадени со нова реколта.
„Оштетени сме многу. 4 денари е една семка, 2,5 декари се 10 илајди семки, а жито нема никако во Моноспитово, вели жител на Моноспитово... За нас е заврешно се, само надеж е. Пак садиме, пак поплави пак нема“, вели жител на Моноспитово.
„Штета имаше од нив, ама оравме и садевме нова реколта, позен пипер“, велат зермјоделците.
Освен поплавите, и актуелните временски прилики. Дождот од 70 литри на саат во битолско и наштети на пченицата, градот во кумановско, Росоман и во дел од струмичко се заканува да го уништи производството на отворено. Експертите смеаат дека целиот аграр е под опасност од катастрофа зашто влегуваме во климатски лоша фаза.
„Сончевиот зрак е навистина јак и не се случило во мај месец да имаме топлотен удар. Од тоа настрадаа житат и годинава нема да имаме квалитетно жито“, вели д-р Ристо Вучков- агро експерт.
Стручњаците советуваат засенчување на раноградинарските култури за превенција од жешкото време. Инаку во Струмица штетите од поплавите беа проценети на милион и пол евра, а од 515 барања, дури 418 се однесуваа на поплавени обработливи површини.
Катерина Давчева
