Пелагонија: Поплавите ја проголтаа пролетната сеидба
Пелагонија ја доживува најтешката есенско-пролетна сезона. По поплавите и огронмите штети, земјоделците мака мачат и со пролетната сеидба, која по традиција завршувала кон крајот на април. Досега е насадено окулу седумдесет посто од планираното, ќе се сее до половината на идниот месец...

По поплавите и големите штети врз културите од еснската сеидба, пелагониските земјаделци мака мачат и со пролетната сеидба. Операцијата која по традиција требаше да финишира кон крајот на минатиот месец, сеуште тече, а структурата на пролетниот сеидбен план се менува во од.
За последните 50 години Пелагонија не памети подолга пролетна сеидба. Нема култура за која не се пробиени оптималните сеидбени рокови, какви ќе бидат приносите ќе се види наесен.
Ќе се сее до половината на јуни. Досега се посеани само седумдесетина проценти од планираните дваесет илјади хектари. Змјоделците велат дека состојните на теренот не ветуваат богат род.
„Годинава почвата е потешка за обработка затоа што водата долго време лежеше. И земјата е пренапиена со влага. Доцната сеидба ќе доведе до потешко никнување на семето и доколку никне тоа ке биде поретко што ке се одрази на приносот“, вели земјоделецот од село Кравари, Борис Гогочевски.
„Онаму каде земјата подобро се обработуваше вегетацијата ќе оди полесно, на останатите места ке се почуствуваат последицирте“, вели земјоделецот од село Поешево, Славчо Петковски.
„Нема да биде изненадување доколку много од овие површини се пренаменат исто како оние под еснски култури што настрадаа од поплавите“, рече претседателот на Сојузот на Земјоделци, Вељо Тантаров.
Само поволни временски услови во идниот период и навремени агротехнички мерки можат да помогнат за ублашување на тешката состојба велат искусните пелагониски земјоделци. Мелем за раната е и одлуката за продолжување на рокот за пријавубање за субвенции.
„До денеска имаме само 2.200 апликации за субвенции. Имајќи ја во предвид ваквата состојба рокот за аплицирање го продолживме до крајот на јуни. Очекувањата се дека оваа бројка до тогаш да се дуплира“, вели подрачниот раководител на Министерството за замјоделие, Илија Србиновски.
Деновиве за две недели е продолжен рокот за склучување на договори за наводнување. Цената на водата ке биде на ланското ниво, а во акомулацијата „Стрежево“ ја има во повеќе од доволни количини да се задоволот потребите.
„Годинава наводнувачката сезона ќе ја започнеме со окулу 105 милиони метри кубни вода што не орави да се чувствуваве лагодно но и не да дозволиме водата да се троши нерационално“, вели директорот на ХМС Стрежево, Маријан Геровски.
Активности кои одат во прилог, но сепак вистинската помош за санација на претпените штеи од поплавите гледат во цврстото владино ветување за обешетување. Од општинските комисии велат дека подготивката на документацијата е во завршна фаза и наскоро се очекува да започне исплтата на средствата.
Стевче Митревски
