Ракомет - Лига на шампиони

Лазаров и Барселона европски прваци

31.05.2015 22:46

Кире Лазаров ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите, рекордна девета за Барселона. Во финалето на завршниот турнир во Келн, Шпанците беа подобри од унгарски Веспрем со 28:23...

Највредното европско ракометно натпреварување има македонски шмек. Нашиот репрезентативен капитен, Кире Лазаров ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите, рекордна девета за Барселона. Во финалето на завршниот турнир во Келн, Шпанците беа подобри од унгарски Веспрем со 28:23.

Поради повреда, Лазаров доби мала минутажа, па откако беше избран во идеалниот тим на сезоната, не успеа третпат во кариерата да биде најдобар елитен стрелец. Во финалето, Кире не постигна погодок и ја заврши сезоната со вкупно 106, што е за осум помалку од  првиот голгетер Момир Илиќ од веспрем.

Во утешниот меч, ракометарите на полски Киелце вторпат се радуваа на третото место откако славеа против тројниот европски првак, германски Кил со 28:26.