Лоренцо најбрз во Мугело
На патеката во италијански Мугело, 28-годишниот Лоренцо со својата Јамаха ја презеде лидерската позиција уште во првиот круг и стигна до 38-та победа во кариерата...

Шпанскиот мотоциклист, Хорхе Лоренцо е во победнички ритам и го оствари третиот триумф сезонава и тоа по ред во најквалитетната Мото ГП конкуренција. На патеката во италијански Мугело, 28-годишниот Лоренцо со својата Јамаха ја презеде лидерската позиција уште во првиот круг и стигна до 38-та победа во кариерата.
Италијанецот од Дукати, Андреа Јаноне беше втор на петтата трка сезонава, пред сонародник од Јамаха, Валентина Роси кој остана водечки во генералниот пласман, но сега само со шест бода повеќе од Лоренцо.
Актуелниот шампион, Шпанецот од Дукати Марк Маркез не ја заврши трката и е петти со 69 бода помалку од Роси.
