Вардар шампион, разочарување за Металург
Екипата од Автокоманда не го освои потребниот бод и најверојатно ќе заврши како трета, затоа што со победа дома против Прилеп во последното коло, Зомимак ќе биде втор и ќе игра во СЕХА лигата следната сезона...

Вардар и теоретски на коло до крајот на плеј - оф лигата ја освои деветата титула и шеста двојна круна, но направи сезонава да биде дополнително разочарувачка за ракометарите на Металург. Вардарци како гости славеа во деветото, претпоследно коло со 28:26.
Екипата од Автокоманда не го освои потребниот бод и најверојатно ќе заврши како трета, затоа што со победа дома против Прилеп во последното коло, Зомимак ќе биде втор и ќе игра во СЕХА лигата следната сезона.
Ракометарите на Металург одиграа храбро имаа и четири гола предност во првото полувреме, но Вардраци не сакаа да се исполнат нечии шпекулации дека ќе му подарат бод на големиот противник. Бучиниќ имаше шут з аизрамнување во финишот, но не успеа да го совлада одличниот Ангелов кој собра девет одбрани.
Ракометарот на Металург, Ојлески беше најефикасен со 10 гола, кај Вардар, Марковиќ постигна пет.
