Наместо патриотски акт, САД добија „Акт на слободата“

01.06.2015 11:39

Во недостаток на време и алтернативи, сенаторите го изгласаа Актот на слободата, поддржан од Белата куќа...

Клучни делови од патриотскиот акт, антитерористичкиот закон на САД, излегоа од сила откако поделениот Сенат не постигна договор на вонредна седница. Во недостаток на време и алтернативи, сенаторите го изгласаа Актот на слободата, поддржан од Белата куќа.

„Ова е дебата за вашето право да бидете оставени на мира. Овде сме бидејќи претседателот продолжува да води незаконска програма, иако и судот јасно му објасни дека програмата што ја води е незаконска“, изјави Ренд Пол, републикански сенатор.

Со новиот закон, разузнавачката агенција НСА веќе нема да има надлежност да собира податоци од комуникациите на милиони американци. Телефонските досиеја ќе бидат во надлежност на телефонските компании, а владата ќе има пристап до нив само со судски налог. Со ова треба да се замени масовното прислушување, и да се заштитат граѓанските слободи.