Кина доби најстрог закон против пушење во затворени простории

01.06.2015 11:41

Цигарите се забранети во канцелариите, трговските центри и на аеродромите. Казните за прекршителите ќе се движат над 32 долара, за разлика од претходната од 1,6 долари...

Во Пекинг стапи во сила најстрогиот закон во Кина против пушење во затворени простории. Властите се надеваат дека со тоа ќе ја избегнат здравствената криза на која предупредуваат експертите.

Цигарите се забранети во канцелариите, трговските центри и на аеродромите. Казните за прекршителите ќе се движат над 32 долара, за разлика од претходната од 1,6 долари.

Според Светската здравствена организација, над 300 милиони кинези се пушачи, а од рак на белите дробови секоја година умираат над 1,3 милиони луѓе во земјата, третина од светскиот просек.